Време

Студено и ветровито, попладне со врнежи од снег

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни попладне и во ноќните часови кон недела, особено во југозападните делови. До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка и понекаде во југозападните делови од овие врнежи на снег, таа ќе надмине 20 сантиметри. На планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец најизразен во горниот тек на Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус 4 Целзиусови степени, а дневната од минус 5 до 1 степен.

Во Скопје, облачно, студено со умерен до засилен северен ветер и со врнежи од снег кои ќе продолжат и преку ноќта. Утринската температура ќе се спушти до минус 6, а дневната ќе достигне до минус 1 степен.

Следува период на многу студено време повремено со умерен до засилен северен ветер. Во деновите од викендот и во ноќта кон недела, ќе биде облачно со врнежи од снег пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми, Во југозападните делови снежната покривка понекаде на пониските места ќе надмине и 20 сантиметри снег. Утринските температурите ќе бидат особено ниски од почетокот на наредната седмица и понекаде ќе се спуштаат и под минус 15 степени. Дневните температури само понекаде ќе се искачуваат до некој степен над нулата.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе