УХМР

Студени утра и топли денови за викенд

За време на викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, кој ќе биде позначителен на почетокот на следната седмица. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре наутро ќе биде студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од два до 23 степени. 

В понеделник ќе има зголемување на облачноста, во западните делови ќе почнат врнежи од дожд, а во вторник ќе биде и нестабилно со повремено пороен дожд и појава на грмежи и засилен ветер.

Од почетокот на следната седмица ќе биде ветровито со умерен до повремено засилен јужен ветер.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе