Време

Студен бран, на планините краткотраен снег

Наутро времето во целата земја ќе биде студено и ветровито. Преку денот ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер најизразен вдолж Повардарието и на поголемите височини. Во западните делови и на север на планините ќе има услови за појава на краткотраен снег, а понекаде во долините е можен слаб дожд.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје и Битола 6 Целзиусови степени, Маврово 2, Охрид 7, Крива Паланка 5, Берово 4, Кавадарци 8, Дојран 11.

Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Дневните температури ќе бидат во пораст и ќе се движат до 3 до 13 степени.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе