Стримувањето по социјалните мрежи сѐ попопуларно за македонските телевизии

Дали македонски телевизии во иднина ќе посветат повеќе внимание на социјалните мрежи?

Денес, сѐ повеќе македонски телевизии својата програма ја пренесуваат преку лајфстрим (livestream) на Фејсбук. Вести, дебатни емисии, интервјуа, различни настани се пренесуваат во живо на фејсбук. Сѐ помалку луѓе ги чекаат традиционалните централни вести за да бидат информирани преку телевизиите. Информацијата денес се добива во реално време, на социјалните мрежи, веб портали...

Се остава впечаток дека повеќе не постои прајмтајм (prime time), туку мајтајм (my time) односно се гледа кога се има време, и тоа онлајн (online).

Последниот период, сѐ повеќе дебатни емисии, ТВ прилози се споделуваат од партиски активисти, кога прилогот или дебатата е во нивен интерес.

ТВ24 на пример има најголема публика, речиси 300.000 следбеници, потоа следи Канал 5 со 255.000 следбеници, Алсат-М и ТВ21 со 170 илјади односно 155 илјади, Телма и Алфа нешто над 70.000, додека чудно е како Сител, иако пред 2 месеци имаа над 200.000 следбеници, сега на нивниот официјален портал на фејсбук имаат 36.000 следбеници.

Најмногу активности и посети минатата недела имале ТВ21 со над 500 илјади, па следува Алсат со 320 илјади, Канал 5 со 315.000 и ТВ24 со 317.000, Сител со 100.000...

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе