„Ипративме 7 пожарникари со 3 возила на терен. Тие веќе се таму и интервенираат. Доколу има потреба ќе испратиме уште, но не можеме и градот да го оставиме без пожарникари“, вели за МКД.мк командантот Томевски.
Пожарот, како што информираа од СВР Тетово настанал во магацин за складирање на производи.
„Во 09.30 часот во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар во магацин за складирање на производи на тетовска фабрика, лоциран помеѓу улиците „Маршал Тито" и „Борис Кидрич" во Тетово. Според првичната пријава нема повредени лица, а екипи на Територијалната противпожарна единица Тетово преземаат мерки за гаснење на пожарот“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Служби на СВР Тетово веќе се испратени на местото на пожарот и ги преземаат сите неопходни мерки.
Нови детали за пожарот следуваат подоцна.