Стотина социјално загрозени семејства од Кавадарци добија прехранбени пакети

На светскиот ден против сиромаштијата, стотина социјално загрозени семејства од Кавадарци денеска добија прехранбени пакети од Банката за храна, која подолг период е активна во општината и им помага на најсиромашните со храна и хигиенски средства.

Роберто Паризов, претседател на еколошкото друштво ,,Еко-живот”, кој е активист во Банката, рече дека таа е меѓу лидерите во државата во оваа област.

 „Пример сме како треба да изгледа банкарството и посебно грижата за справување со вишокот храна и нејзино донирање на оние на кои им е најпотребна. Тука сме 365 дена во годината да обезбедиме што повеќе храна за нив,  заедно со општинските институции и со бизнис секторот“, нагласи Паризов.

Тој додаде  дека интересот за донирање  се зголемувал се повеќе, како кај компаниите, така и кај граѓаните.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев изрази задоволство од функционирањето на Банката.

„Сиромаштијата постои меѓу нас во општеството  и мора да се трудиме да ја тргнеме,  но во целост тоа е невозможно. Заедно со „Еко живот“ и Банката за храна, ние како општина, бизнис секторот и сите институции,  помагаме со основните прехранбени продукти за најсиромашните“, рече Јанчев.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе