Стотици верници се собраа на масовен собир во Струга, прекршувајќи ги мерките во време на пандемија

Масовен верски собир се одржа денеска во Струга, а стотици граѓани се собраа на улиците во градот по повод традиционалната литија во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот. Дел од граѓаните, според снимките кои се емитуваа во медиумите, не носеа маски, а спротивно на мерките на Владата, не се почитуваше ни препорачаната дистанца, ниту забраната за собирање на повеќе од пет лица на едно место.

Станува збор за традиционалниот верски собир – литија со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона збогатена и со неговите чесни мошти од неговиот манастир во Рајчица, како и Чудотворната икона на Пресвета Богородица – Крнинска и на Христос Архиереј од Манастирот Пречиста Кичевска.

Инаку, поворката на струшките улици ја обезбедуваше и полиција.

Иако годинава на литијата имаше помалку граѓани со претходните години, не изостана масовноста. Стружани велат дека овие денови за нив се посебни и дека се придржувале на препораките.

Литијата беше најавена на 4 мај на официјалната страна на Бигорскиот манастир. Тогаш беше наведено дека годинава поради пандемијата со корона вирусот ќе учествуваат само свештени лица, но тоа не беше испочитувано. Во најавата стоеше дека поради вонредната состојба со пандемијата на коронавирусот и во согласност со превентивните мерки на државните и здравствените власти, овој пат литијата ќе биде составена само од дел од локалното свештенство и монаштво, без присуство на верниот народ, како и дека локалното население ќе може да ја проследи само од тротоарите на улиците каде што таа ќе минува, држејќи го препорачаното растојание.

Традиционалната ктиторска Вечерна со панихида за покојните ктитори и градители, во струшкиот храм на Свети Георгиј Победоносец, ја одржа Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе