Стигна нова смена на пожарникарите од Австрија, изморените се вратија дома

Македонските граѓани со стотици пораки на фејсбук страницата на противпожарната служба на Долна Австрија им се заблогадаруваат за нивната помош во гаснењето на пожарите во Македонија. Синоќа на аеродромот во Виена беше направена замена на пожарникарите од Австрија кои ги гаснеа пожарите во Малешевијата, па на досега активните 96, испратени се нови 114.

„Ви благодариме многу“, „Респект и благодариме Австрија за вашата помош и поддршка“, „Да сте живи и здрави“, ова се само дел од коментарите на македонските граѓани на фејсбук страницата на противпожарната служба на Долна Австрија.

 Брзата замена на преморените пожарникари кои влегоа во речиси деноноќна борба со пожарите во Малешевијата ја овозможиле првите луѓе на аеродромот во Виена и на австриската национална авиокомпанија „Аустриан ерлајнс“, кои ги пренеле пожарникарите од и до Скопје со авион „Ербас“.

„Во итни случаи брзата поддршка е многу важна. За доброволните противпожарни бригади на Долна Австрија, ова е една од најголемите прекугранични операции против катастрофи и ние сме среќни што го даваме својот придонес“, изјави директорот на аеродромот во Виена Гинтер Офнер.

Првата група австриски пожарникари во Македонија пристигна во петокот, а според информациите од теренот, нивната помош била непроценлива во битката со пожарите, како и онаа на пожарникарите од Словенија. Тие се сместени на стадионот во Пехчево со целата опрема која ја донесоа со себе.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе