Стејт департмент: Владата продложува со подобрување на инвестициската клима во земјава, корупцијата останува проблем

Новата влада, утврдена од Парламентот во август 2020 година, презема мерки за подобрување на инвестициската клима во Северна Македонија.

Министрите без портфолио кои претходно ја споделуваа одговорноста за привлекување странски директни инвестиции беа отпуштени и сега ова е координирано од канцеларијата на заменик министерот за економија, така што процесот е поедноставен. Во напорите да се справи со корупцијата, државната Комисија за спречување корупција започна голем број истраги поврзани со корупција, вклучувајќи и истраги поврзани со високи официјални лица.

Ова се наведува во извештајот за инвестициската клима во Северна Македонија за 2020 година објавен денеска од американскиот Стејт департмент.

Оттаму посочуваат на неколку перспективни области кои инвеститорите треба да ги набљудуваат во 2021 година.

„Амбасадата во 2020 детектираше дека информациско-комуникациските технологии е област во развој зрела за американски инвестиции бидејќи Владата неодамна се фокусираше на обезбедување подобра клима за технолошки развој. Географската положба е предност ако компаниите разгледуваат можност за блиско отворање производство (near-shoring), со што нивните производи се достапни за консумација многу поблиску до Европа. Ова е посебно важно по намаленото производство во светот во 2020 поради пандемијата“, се вели во извештајот.

Се укажува дека пандемијата на Ковид-19 изврши силен удар врз економијата на земјата и нејзината способност да прифати странски инвестиции.

„Иако напорите на Владата да го пренасочи производството за најпотребни стоки и да ги контролира цените од почетокот на пандемијата завршија, ограничувањата на движењето на луѓето и значајното зголемување на невработеноста ја ограничија потрошувачката и ги намалија услугите за отворање бизнис“, се наведува во извештајот.

Се додава дека пандемијата остро го запрела растот на БДП, од зголемените 3.9 отсто во 2019 до намалување од 4.5 отсто во 2020 година, „иако во март Владата прогнозираше раст на БДП од 4.1 отсто“.

„Вирусот најверојатно, иако засега е непознато, може да има долготрајно влијание на економијата во текот на 2021 година и потоа“, пишува во извештајот.

Сепак, извештајот посочува дека целокупната регулаторна рамка на земјата останува сложена и честите регулаторни или законски измени, заедно со неконзистентното толкување на правилата, создаваат непредвидлива бизнис клима подложна на корупција.

„Иако правната рамка за инвестирање во Северна Македонија во голема мерка е во согласност со меѓународните стандарди и странските инвеститори се третираат исто како и домашните, проблем е корупцијата“, се додава во извештајот.

Стејт департментот истакнува дека Северна Македонија, која е аспирант за влез во ЕУ и земјата стана членка на НАТО во 2020 година, продолжува да биде приемчиви на комерцијалните инвестиции од САД.

Привлекувањето на СДИ, се посочува во извештајот, е еден од главните столбови на Владата за економски раст и создавање работни места, иако пандемијата ги спречи владините претставници за лични средби со потенцијалните инвеститори во 2020 година.

Се вели дека нема дискриминаторски закони или практики кон странските инвеститори.

„Во 2018 година Владата усвои „План за економски развој’, кој обезбедува доволно иницијативи за странските компании кои работат во 15 слободни економски зони познати и како Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ)“, се додава во извештајот.

Се посочува и дека Извештајот за деловно работење на Светска банка во 2020 година ја рангираше Северна Македонија на 17-то место во светот за водење бизнис, со пад од седум места споредено со претходната година. Фич го намали претходниот кредитен рејтинг на Северна Македонија од BB+ со стабилна перспектива во BB+ со негативна перспектива, а Стандард и Пурс го потврди својот кредитен рејтинг на BB- со стабилна перспектива. Крупните странски компании ангажирани во ТИРЗ генерално известуваат за позитивни инвестициски искуства и одржуваат добри односи со владините претставници, велат од Стејт департментот.

Се наведува дека Северна Македонија нема „едношалтерски систем“ за СДИ, и затоа инвеститорите се принудени да се насочуваат низ неколку бирократски институции за да ги реализираат нивните инвестиции.

Сепак „Владата одржува контакти со крупните странски инвеститори преку чести средби и формални анкети за добивање повратна информации. Крупните инвеститори имаат директен пристап до владините лидери, кои можат да ги контактираат за помош во разрешување на проблеми. Советот за странски инвестиции ги застапува странските инвеститори и советува како да се подобри бизнис климата.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе