ССНМ: Со згаснувањето на „Независен“ уште повеќе се влошува и онака лошата состојба на новинарите

Најавата за згаснување на весникот „Независен“ Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја смета за уште еден удар врз медиумските работници во земјава, но и врз целокупниот медиумски пазар на труд.

„ССНМ по потврдата од менаџментот дека весникот „Независен" утре нема да излезе, со жалење констатира дека тоа значи останување без работа на повеќе од 20 новинари и медиумски работници, со што уште повеќе се продлабочува и онака лошата социјално-економска состојба на новинарите во Македонија“, наведува во соопштение ССНМ.

Останувањето на новинари и медиумски работници без работа, како што подвлекува ССНМ, значи потрес за медиумскиот сектор во земјава каде се зголемува понудата на работна сила, а се намалува побарувачката што за новинарите значи помала сигурност и поголем притисок.

Според ССНМ, затворањето на „Независен" покажува и колку е кревок овој сектор и условите во кои работат новинарите и медиумските работници, во секојдневен страв за своите работни места.

ССНМ укажува и на тенденциите кои велат дека професионалните редакции кои се држат до професионалните стандарди и етичкиот кодекс на новинарите се помалку можат да опстанат на пазарот и апелира за забрзување на медиумските реформи кои би опфатиле овозможување поддршка, субвенции за медиумите кои професионално и објективно известуваат.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе