Вечење новости

Српски државјанин поминал 23 дена во затвор во Македонија поради грешка

Српскиот државјанин Д.М. (52), раселено лице од Приштина, кој по налог на УНМИК бил уапсен во Македонија на 7 јули годинава за наводно воено злосторство извршено на Косово, беше ослободен денеска откако пристигнаа докази дека станува збор за грешка, објави Вечење новости.

Како што изјави неговиот адвокат, Илија Поп Костов за Косовоонлајн, неговиот клиент бил уапсен поради замена на идентитет, односно имал исто име и презиме со лицето барано за воени злосторства.

„Тој беше незаконски приведен и од денеска е на слобода по одлука на судијата за претходната постапка, а по барање на јавниот обвинител. Утврдено е дека погрешно лице е уапсено, а притворот веднаш е укинат и тој е ослободен“, рече Поп Костов.

Д.М. бил уапсен откако ја поминал границата, кога заедно со сопругата заминале на одмор во Охрид. Потоа му беше одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а по наредба на дежурен судија, тој беше однесен во затворот во Куманово.

Адвокатот Поп Костов барал неговиот клиент да биде ослободен, додека Д.М. самиот ги негираше сите обвинувања од обвинениете во кое вистинскиот Д.М. е обвинет за убиство и нанесување тешка телесна повреда.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе