Среде Маврово се градат 7 згради со 180 стана, општината вели викендички се

Во подножјето на планината Бистра, на само 100 метри од скијачките терени во Маврово, се гради нов резиденцијален станбен комплекс на 9.000 квадратни метри вкупна површина, со 7 станбени блока и 180 станбени единици. Вака се рекламира продажбата на становите во ова „идеално викенд-прибежиште". Но во општината Маврово Ростуше се упорни во објаснувањето дека таму се градат 33 викендички за индивидуално домување.

И од Националниот парк Маврово и од секторот на урбанизам на општината Маврово Ростуше се согласни дека дополнувањето на урбанистичкиот план за село Маврово е донесено уште во 2015 година. Тогаш претходните раководства и на Паркот и на општината дале позитивно мислење и гласале за проширување на урбанистичкиот план за село Маврово.

Во април годинава од Националниот парк било побарано само да се изврши увид пред почнувањето на градбата и било побарано да се исечат три дрва на приватна парцела, за што се платени 1.500 денари и е дадено одобрение за сеча.

Од секторот за урбанизам на општината Маврово Ростуше детално нѐ информираа дека локалитетот има урбанистичко-планска документација уште од 1979 година. Од тогаш до 2015 година вршени се неколку измени и дополнувања на тој урбанистички план. Последното дополнување е извршено во 2015 година, кога е добиена и согласност од Министерството за транспорт и врски (бр. 24-2377/2 од 25 февруари 2015) за конкретната локација каде што денеска се гради резиденцијален комплекс.

Еден ден потоа, на 26 февруари 2015 година, донесена е и одлука од тогашниот Совет на општината Маврово Ростуше (бр. 08-68/13), со што е усвоен новиот урбанистички план за Маврово, со кој е проширена границата на опфатот.

Таа година, 2015, со решение на градоначалникот усвоен е и Архитектонско-урбанистички проект, со кој се врши детална разработка на овој локалитет. Со овој проект предвидени се 37 градежни парцели, 2 пречистителни станици, 1 катна гаража, 1 градежна парцела со намена Б2, комерцијален објект, а останатите 33 парцели се за индивидуално домување - подрум, приземје и поткровје, велат од општината Маврово Ростуше. Урбанистите од општината се доследни во одговорот дека тука ќе се градат 33 викенд куќи со висина од најмногу 8,2 метри.

Повеќе од 90 отсто од земјиштето било приватно, купено од жителите на Маврово.

Наспроти ова,  инвеститорот Фортонинвест рекламира, гради и веќе продава станови во модерен резиденцијален станбен комплекс со 180 стана, на 9.000 квадратни метри вкупна површина 7 станбени блокови. Инвеститорот најавува дека објектот ќе биде готов до крајот на 2021 година.

А.Д.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе