Средба на Спасовски со претставници на Општина Боговиње: Изнаоѓање решение за водоснабдувањето во интерес на сите страни

Премиерот Оливер Спасовски, придружуван од министрите за внатрешни работи, Агим Нухиу, за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и за животна средина, Насер Нуредини, попладнево се сретна со градоначалникот на општината Боговиње, Албон Џемаили и со претставници на месните заедници на селата Синичане и Урвич.

Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот е изразена заедничка согласност и определба за изнаоѓање ефикасни правни механизми за надминување на актуелната ситуација со водоснабдувањето на селото Синичане и за поддршка од Владата за трајно решавање на прашањето со водоснабдувањето во општината.

„Право на пристап до вода има секој жител и со тоа нема водење политика. Владата е определена да најде решение и за актуелниот проблем со пристапноста до питка вода на жителите од село Синичане и за изнаоѓање трајно решение за снабдувањето со вода на селата во општината Боговиње. Ќе ги разгледаме правните и законски можности за ефикасно дејствување и во отворен дијалог со засегнатите жители, каков што е денешниот состанок“, рече премиерот Спасовски.

Констатирано е дека постигнатото разбирање меѓу претставниците на локалната самоуправа на Боговиње и на селата Синичане и Урвич отвора можност за решение што ќе биде во интерес на сите страни. 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе