Нови законски измени

Според законот, од 1 декември пластичните кеси ќе бидат забранети за употреба, активистите резервирани

Според последните измени во законите за управување со пакување и отпад од пакување во Македонија од 1 декември се забранува употребата на пластични кеси. На пазарот ќе треба да се продаваат биоразградливи кеси за 15 денари по парче кои ќе треба да бидат произведени според пропишани стандарди за биоразградливост. И овојпат остануваат сомневањата за доследното спроведување на законот.

Ваква забрана веќе постои уште од 2012 година, но тогаш оваа законска забрана беше поништена со правилник за стандардите за биоразградивост, со што едноставно законските одредби се бајпасирани со некои одредби од правилник за тоа што се смета за биоразградливо, а што не. Оттука и сомневањата на граѓаните и на еколошките организации дека овојпат ова навистина и ќе се примени.

Овој правилник тогаш беше донесен од Министерството за животна средина, истото министерство кое сега ќе треба да ги спроведе новите измени во законите за управување со пакување и отпад од пакување.

Со овој закон од 1 декември трговците ќе треба да водат евиденција на квартална основа за бројот на продадени кеси, која треба да ја доставуваат до стручен орган на Министерството за животна средина. Вкупната сума добиена од надоместокот од продадените кеси, трговците треба да ја пренесуваат на посебна сметка отворена за таа намена на органот за животна средина. Се претпоставува дека цената од 15 денари ќе ги демотивира потрошувачите непотребно да купуваат кеси за еднократна употреба, преориентирајќи се кон користење на реупотребливи алтернативи. Маркетите ќе бидат обврзани да даваат хартиени кеси или други алтернативи.

Освен ова, со измените пропишана е и забрана за употреба на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во земјава. Еколозите прашуваат зошто оваа забрана е ограничена само на територијата на заштитените подрачја, а не на цела територија на државата.

Од 3 јули во сите држави членки на ЕУ веќе стапи на сила забрана на 10 вида еднократна пластика, како и забрана на целата оксоразградлива пластика.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе