Статистика

Според Пописот од 2021 имаме и вдовици и разведени на возраст од 15 до 19 години

Во Македонија, од резидентното население кое е на возраст од 15 години и повеќе 23,8 % се неженети или немажени, 65,3% се мажени или женети, 7,2% се вдовци или вдовици и 1,6% се разведени. Регистрирани се и вкупно 3 случаи на вдовци/вдовици и 13 случаи на рaзведени во возрасната група од 15 со 19 години, покажуваат податоците од Пописот во 2021 година.

Во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, 98,4 % живеат во брачна заедница, а 1,6% во вонбрачна заедница.

81,1% од вкупното резидентно население изјавиле дека не се селеле (автохтоно население), а 11,7% дека се доселиле во местото на вообичаено живеење.

Според местото на раѓање, 90% од вкупното резидентно население се родени во Република Македонија, соопшти Државниот завод за статистика.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе