Спасовски во посета на ЕВРОПОЛ во Кралството Холандија

Во текот на следните два дена министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со висока делегација од Министерството за внатрешни работи е во посета на Хаг, Кралство Холандија, седиштето на ЕВРОПОЛ.

Toj ќе оствари средба со Извршната директорка на ЕВРОПОЛ, Катрин Де Бол, по што ќе присуствува на презентации од страна на експерти од Европол за работата на Оперативните центри во Европол, како и посета на бирото на Република Северна Македонија во Европол.

Истиот ден, министерот Спасовски ќе оствари билатерална средба со Заменик генералниот директор за управување со меѓународна миграција во Министерството за правда и безбедност на Кралството Холандија, Еуке Фабер, и ќе се сретне со почесниот конзул на Република Македонија во Кралството Холандија, Бено Фридберг.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе