Спасовски: Решението за Синичане да се бара во законски рамки

Премиерот Оливер Спасовски апелира низ дијалог во населените места во Општина Боговиње се изнајде заедничко добро решение за сите и граѓаните на Синичани да добијат што е можно побрзо вода за пиење

За мене, наведува во објава на Фејсбук премиерот, единствено што е важно е да се постапува по закон и Устав, да не се дозволи да имаме анархија и постапување вон законските прописи.

„Нашите граѓани, од Општина Боговиње, јас ги почитувам, ги поддржувам и многу е важно да имаме решение на нивниот проблем, коешто ќе дојде низ законски рамки. Апелирам низ дијалог во населените места во Општина Боговиње се изнајде заедничко добро решение за сите и граѓаните на Синичани да добијат што е можно побрзо вода за пиење“, напиша премиерот Спасовски на својот ФБ профил.

Истовремено во објавата демантира дека со обвинителката Лејла Кадриу водел разговор поврзан со граѓаните на Синичане.

Тој вели дека обвинителката, која постапува по случајот,  му се јавила, но оти во тој разговор воопшто не станало збор за граѓаните, туку, како што вели, само и посочил дека нема потреба да го бара оти има јавен обвинител на РСМ и оти со него треба да се разговара.

Полицијата по добиени сознанија околу активностите за изградба на водоснабителен систем во тетовското село Синичане вчера излегла на лице место на терен при што се прибавени податоци и информации и до Основното јавно обвинителство Тетово е поднесено известување за сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење".

Портпаролот во МВР Тони Ангеловски денеска изјави дека присуството на полициски службеници на местото каде што се почнати работни активности за изградба на водоснабдителниот систем е во функција на обезбедување на јавниот ред и мир.

Што се однесува до координацијата и соработката со Јавното обвинителство, тој нагласи дека МВР соработува со обвинителството во сите случаи, како и во овој случај околу истрагата што ја води обвинителството.

Случувањата во тетовско околу почеток на изградба на водовод ќе ги испитува и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ). Оттаму попладнево информираат дека Вишото јавно обвинителство ќе го испитува предметот, како и постапувањето на тетовската обвинителка Лејла Кадриу.

„Поради различните информации во медиумите и на социјалните мрежи за учеството на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово Лејла Кадриу на место на кое се изведувале работи на водовод во тетовско и повеќе нејаснотии во нејзиното постапување Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска писмено побара од Вишото јавно обвинителство Гостивар да изврши увид во предметот, врз основа на член 27 став 5 и член 28 став 1 од Законот за јавно обвинителство“, се вели во соопштението.

По извршениот увид, Вишото јавно обвинителство Гостивар треба веднаш да достави информации, а по приемот и анализата на добиената информација, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ќе донесе соодветна одлука, посочија од ЈОРСМ.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе