Уште еден инцидент со повредено службено лице

Спасовски посети нов повреден колега, порача дека нападите кон полицајците се сериозно кривично дело

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со објава на својот Фејсбук профил информира дека заедно со министерот за здравство Венко Филипче и директорот на БЈБ Сашо Тасевски го посетиле полицаецот кој ноќва додека извршувал службени дејствија во близина на фабриката ОХИС бил удрен и повреден.

„Посетивме наш колега во Комплекс клиники „Мајка Тереза", кој ноќва, додека извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот на бул.„Борис Трајковски", во близина на фабриката ОХИС, беше удрен и повреден со возило „цитроен берлинго", управувано од А.Д.(19) и сопатник К.М.(21), кои побегнале од местото“, напиша Спасовски.

Тој информира дека по насока на Јавен обвинител двете лица се пронајдени, приведени и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

„Се надеваме дека повредениот полициски службеник што поскоро ќе закрепне и ќе се врати повторно да им служи на граѓаните. Нагласувам дека напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки нема да се толерираат, а насилниците мора да одговараат“, напиша Спасовски на својот Фејсбук профил. 

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе