Зелен фронт против мали хидроцентрали

Спас за Лешница!

Малите хидроцентрали прават неповратна еколошка штета, а корист имаат само поединци. Наместо да даваат придонес во производството на ‘зелена’ енергија, тие се злосторство против природата, се вели во соопштението на иницијативата на екологисти, граѓански организации, планинарски друштва, мештани од Вејце, Бозовце, Бродец, Вешала кои се обединија против изградбата на малите хидроцентрали на Лешница.

Иницијативата се вика „Зелен фронт против мали хидроцентрали“, а нивниот слоган е „Спас за Лешница, стоп за малите хидроцентрали!“.

Од иницијативата потенцираат дека екоцидот ги остава високопланинските села пусти и запустени.

„Прво, се заробуваат реки во цевки, со што се убива сѐ живо во околината. Второ, се сечат шуми, се поттикнува ерозија, со изградба на пристапни патишта и далноводи. Трето, се менува хидролошкиот режим, па околните населби немаат вода за пиење и наводнување“, посочува иницијативата.

Високите повластени тарифи кои им ги исплаќа државата, велат тие, ги мамат инвеститорите и нивните јатаци во институциите да градат мали хидроцентрали секаде на Балканот.

„За нив, заработката е голема, но за сите останати, и за луѓето и природата – штетата е огромна и неповратна! Со други зборови, ние им плаќаме за да ни ги уништуваат најубавите и најчистите реки! Но, во Србија, БиХ, Албанија и Црна Гора народот е на нозе. Коалиција на граѓански организации работат на кампањата ‘Спасете го синото срце на Европа’ за подигање на свеста на јавноста за уништување на балканските реки со изградба на малите хидроцентрали. Заради штетното влијание врз природата и врз луѓето, досега во Европа урнати се околу 400 мали хидроцентрали, а во САД – повеќе од 1.000 хидроцентрали“, соопштува иницијативата.

Кај нас, велат тие, отпорот на населението во Жировница, Вратница и Беловиште против изградбата на мали хидроцентрали е за почит.

„Но, треба да се спротиставуваме секаде кадешто малите хидроцентрали го загрозуваат опстанокот на природата и луѓето. Мора да се спречи натамошното уништување на природата во Македонија!“, соопштува иницијативата.

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе