Советот на Европа бара да се подобрат условите во македонските затвори

Македонија треба да воспостави професионална затворска служба, ефекасен надзор на управувањето во затворите и да обезбеди подобри услови за лицата задржани во затворите Идризово и Скопје, се наведува во извештајот на Европскиот комитет за спречување на тортурата и на нехуман и деградирачки третман или казнување (КПТ) за 2020 година, посветен и на ад хок посетата на негова делегација на земјава.

„Ад хок посетата на Северна Македонија во декември се фокусираше на третманот и затворските услови за лицата што се наоѓаат во затворите Идризово и Скопје. Целта беше, исто така, да се процени напредокот постигнат по периодичната посета на Комитетот во декември 2019 година. Делегацијата ги посети и полициските станици Бит Пазар, Гази Баба, Карпош и Кисела Вода во Скопје“, се наведува во извештајот на ова тело на Советот на Европа.

Како што јави дописникот на МИА, Комитетот посочува дека го интензивирал својот постојан дијалог преку разговори на високо ниво, при што на 9 декември минатата година негова делегација разговарала со премиерот и министерот за правда.

„Дискусијата ја истакна потребата за професионална затворска служба со јасни упатства и ефикасен надзор врз тоа како таа да се раководи. Исто така, беше препознаено дека Министерството за здравство треба да инвестира повеќе во подобрувањето на здравствената заштита што им се дава на затворените лица. Се дискутираше и за неопходните мерки за обезбедување на подобри услови за затворениците во затворите во Идризово и Скопје и за воспоставување режим на стимулација“, се посочува во извештајот.

Според Комитетот, работите се движат цело време во позитивна насока, но се уште има „сериозни прашања за решавање“.

„Разговорите на високо ниво, во кој е вклучен премиерот на Северна Македонија, ги покажува заложбите на властите на Северна Македонија да се вклучат и да ги имплементираа препораките на Комитетот“, нагласи претседателот на КПТ, Алан Мичел.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе