Васовски вели дека мерките за заштита од ковид-19 се почитуваат

Сопственикот на кафеаната Дебар Маало: Инспекцијата не нѐ промашува, снимката од прославата не е од 8 март

По објавената снимка на социјалните мрежи и изјавата на Државниот пазарен инспекторат за прослава со турбо фолк музика и гужва во време на пандемија, реагираше и Златко Васовски, сопственикот на кафеаната Дебар Маало во Скопје, која на социјалните мрежи беше посоченa како местото, во кое, наводно вчера се славело 8 Март без почитување на мерките за заштита од ковид-19. Васовски во телефонски разговор за МКД.мк вели дека се работи за стара снимка и дека постојано има инспекција која не ги промашува овие кафеани. 

„Снимката е во мојата кафеана, но е стара и не е од вчера. Не можам точно да се сетам од кога е, можеби пред Нова Година некаде или порано. Ние живееме во пандемија веќе една година и на тој начин и работиме. Од мојот локал плата земаат 40 фамилии и никогаш не би си дозволил инспекција да ми го затвори местото поради прослава спротивна на препораките дадени од Владата", вели Васовски.

Тој додава дека инспекторите под будно око го следат работењето на кафеаните во Дебар Маало и невозможно е да не се почитуваат мерките.

„Верувајте дека инспекцијата е постојано на терен и не нѐ промашуваат. Во кафаната од 400 места сега сум редуциран на 200. Ако вака продолжи состојбава не знам како и ние ќе продолжиме, но сепак мерките мора и треба да се почитуваат. Сите живееме во време на пандемија и мора на тој начин и да работиме, ни се допаѓало тоа или не. Сите трпиме загуби, а ние угостителите се чини дека најмногу, но тоа не значи дека треба да загрозуваме свое и здравјето на граѓаните. Мерките секогаш ги почитуваме", дополнува Васовски.

На социјалните мрежи денес се појави снимка од прослава, а за неа изјава побаравме и од Државниот пазарен инспекторат од каде исто така демантираа дека вчера имало таква прослава во Дебар Маало во Скопје.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе