Македонијапат

Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози, при што снег со слаб интензитет провејува на планинските превои Попова Шапка, Маврово, Стража, Крушево, Буково и Ѓавато, додека во источниот дел на земјата и во Повардарието врне слаб дожд.

Како што информира „Македонијапат“ намалена видливост до 100 метри поради магла има на потегот од Тетово до село Гајре и на планинскиот превој Плетвар.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Дежурните екипи на „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. 

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе