Сообраќајот на автопатот Струма пак е целосно воспоставен, на местото на трагедијата е поставен венец за жртвите

Еден месец по страшната автобуска несреќа на автопатот Струма во Бугарија, во која загинаа 45 лица, сообраќајот е повторно целосно воспоставен. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на местото на несреќата веќе се заменети старите заштитни огради со нови, обновени се ознаките, а максималната дозволена брзина останува 120 километри на час. 

Целосно е заменета, со нова и повисока, заштитната ограда меѓу исклучувањето за чешмата и активната лента, на делот каде излета и се запали автобусот на „Беса транс". Венец во спомен на жртвите е поставен на знакот „32 км".

По несреќата на 23 ноември, сообраќајот по коловозната лента за Дупница и Кулата беше затворен за сообраќај, за вршење увид и истражни дејствија.

Агенцијата за патна помош на Бугарија, по несреќата изврши премер на делницата за да утврди дали знаците, заштитните огради и хоризонталните ознаки на подрачјето на несреќата се во рамките на законските норми.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе