Сончево време со променлива облачност и температура до 26 степени

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со променлива облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер кој на повисоко и кон исток повремено ќе има силен интензитет. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Денеска поради продор на постудена воздушна маса ќе дува умерен, а долж поширокото Повардарие повремено силен северен ветер (над 60 км/час) што ќе предизвика во деновите од викендот намалување на температурата, особено во северните делови. Во деновите потоа ветерот ќе биде претежно југоисточен, а температурата тогаш ќе биде во пораст.

 

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе