Сончево време со мала до умерена облачност, по котлините магла

Денеска се очекува по котлините во поголемиот дел од денот да има појава на магла и ниска облачност, а во останатите делови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

Утринската температура, според УХМР, ќе се движи од минус еден до еден степен, а дневната температура од шест до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно. Утринската температура ќе достигне до минус еден степен, а дневната температура до шест степени.

Во наредните денови ќе се задржи стабилно време со појава на магла по одделни котлини, особено во претпладневните и вечерните часови, додека на планинините и на повисоките места ќе провладува сончево време.

 

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе