Време

Сончево, ведро и студено

Времето во Македонија утрово ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со појава на слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Во вечерните и ноќните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има повремен слаб снег, претежно во североисточните делови.

И денеска утринските температури ќе бидат многу ниски, во делови од Пелагонија околу -20, а во останатите места од -16 до -7 Целзиусови степени.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 1, Маврово 2, Охрид 4, Битола -3, Крива Паланка 3, Берово и Кавадарци 2, Дојран 6 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од 3 до 10 степени.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе