Време

Сончево со умерена облачност, во западниот дел попладневни врнежи од дожд

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во следните два дена ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер повторно се очекува во среда.

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе