Време

Сончево со умерена облачност, стабилно и топло и за време на викендот

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во раните утрински и претпладневни часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до 6, а дневната од 14 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје, наутро со појава на магла, која во текот на денот ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 16 степени. Маврово 14, Охрид 13, Битола и Крива Паланка 16, Кавадарци 18, Берово 15, Дојран 22.

Во деновите од викендот ќе се задржи стабилно и топло време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, на места поројни проследени со засилен јужен ветер. Повремени локални врнежи од дожд ќе има и во среда.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе