Време

Сончево со умерена облачност и температури до 18 степени

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе биде магливо, а попладне, претежно во јужните делови, ќе има услови за слаб локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне магливо, а во текот на денот сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне 17 степени. Во Маврово 8, Охрид и Берово 12, Битола и Крива Паланка 14, Кавадарци 16, Дојран 18.

И утре времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 10 до 19 степени.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе