Време

Сончево со умерена облачност

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 14 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 5, а максималната ќе достигне до 18 степени. Маврово 11, Охрид и Битола 18, Крива Паланка и Берово 14, Кавадарци 19, Дојран 22. 

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните од четврток ќе бидат во пораст. Утре ќе дува повремено засилен, а потоа слаб до умерен северен ветер.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе