Време

Сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината наутро со услови за појава на магла, а преку денот сончево со мала локална облачност и слаб до умерен југозападен ветер. Дневната температура ќе достигне до 20 степени.

И утре ќе се задржи стабилно и релативно топло време. По котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. В сабота ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а во недела со врнежите од дожд ќе дува и засилен северозападен ветер. Дневната температура од недела ќе биде пониска.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе