Време

Сончево со умерена облачност

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. Во југоисточните делови ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 11 степени. Маврово 8, Охрид, Крива Паланка и Кавадарци 12, Битола и Берово 11, Дојран 14.

Во следните денови ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а во недела засилен ветер од југоисточен правец. Во недела кон крајот на денот и во понеделник врнежите ќе бидат пообилни, а на места и поројни (над 35 л/м2). Во понеделник на планините врнежите ќе бидат од снег.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе