Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени. Маврово 4, Охрид, Битола, Крива Паланка и Берово 7, Кавадарци 8, Дојран 13.
Од утре ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. Утре, како и во втората половина од следната седмица по одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер.