Дневните температури ќе достигнат во Скопје 28 Целзиусови степени, Маврово 20, Охрид 24, Битола 26, Крива Паланка 24, Берово 22, Кавадарци 29, Дојран 31.
За утре прогнозата е претежно облачно, свежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови од земјава. Дневните температури ќе бидат во Скопје 24, Маврово 15, Охрид 19, Битола 18, Крива Паланка 21, Берово 19, Кавадарци 23, Дојран 26 степени.