Време

Сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во северозападните и крајните источни делови ќе има локален краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец, а вдолж Повардарието повремено ќе се засилува. Максималната температура ќе достигне од 22 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне повремено облачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 28 степени, Маврово 17, Охрид 23, Битола 27, Крива Паланка 24, Берово 22, Кавадарци 29, Дојран 30.

Прогнозата за утре е сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а дневните температури ќе се движат од 18 до 30 степени.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе