Време

Сончево со умерена облачност

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 8.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 30 Целзиусови степени, Маврово 25, Охрид 27, Битола 33, Крива Паланка 2и Берово 27, Кавадарци 32, Дојран 34.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат од 23 степени во Маврово, 29 во Скопје до 31 во Битола и Дојран.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе