Време

Сончево со умерена облачност

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Претпладнето се уште ќе има повремени врнежи од снег во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 7 до 2, а дневната од  2 до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до минус 1, а дневната ќе достигне до 7 степени. Во Маврово 2, Охрид 6, Битола и Крива Паланка 5, Берово 4, Кавадарци 8, Дојран 9 степени.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена, а во источните делови повремено и значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе бидат во Скопје 9, Маврово 4, Охрид 8, Битола 6, Крива Паланка 8, Берово 7, Кавадарци 10, Дојран 12.

До сабота утринските температури во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под нула, но се очекува на места да се задржи снежната покривка. За време на викендот ќе има локален дожд.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе