Време

Сончево со температури до 18 степени, утре локални врнежи од дожд

Во Македонија времето денеска изутрина ќе биде постудено и по одделни котлини ќе има слаба магла. Во текот на денот ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје утрово ќе биде студено со услови за слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат позастапени во западните и јужните делови.

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе