Време

Сончево со температури и повеќе од 40 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево  и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 41 Целзиусов степен.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 40 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Најтопло ќе биде утре и во петок кога температурата на места на југоистокот ќе го надминува и 40-тиот степен. И покрај топлото време во следните денови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе