Време

Сончево со температури и до 20 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, во источните од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од -5 до 3, а дневната од 14 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до -2, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Од петок ќе има зголемување на облачноста, а во сабота промена на времето. Поради продор на постудена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, а на повисоките планини од снег, особено во западните и северните делови. Во сабота ќе дува засилен северен ветер. Дневните температури за време на викендот ќе бидат во опаѓање, а од понеделник ќе има постепен пораст.

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе