Време

Сончево со температури до 38 степени, УВ индекс 9

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено и засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени. Маврово 29, Охрид 32, Битола 35, Крива Паланка 33, Берово 31, Кавадарци 37, Дојран 38. 

Во наредните денови под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. На повеќе места ќе бидат над 35 степени, а најтопло се очекува да биде во четврток и петок кога на места ќе го надминуваат и 40-тиот степен.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе