Време

Сончево со температури до 34 степени

Времето денеска во Maкедонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Максималната температура ќе се движи од 27 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје и околинта ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе остигне до 32 степена.

Во наредните денови следува период на стабилно време. До сабота дневните температури ќе бидат најмногу до 35 степени, а потоа брзо ќе се покачуваат. 

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе