среда, 8 мај 2024
Избори 2024

Џафери: Очекувам мирен изборен ден

Граѓаните покажаа високо ниво на култура во гласачкиот процес уште на 24 април. Нема причина поинаку да биде денес, изјави утрово техничкиот премиер Талат Џафери по гласањето.

Објавено на

часот

Сподели

„Очекувањата е да заврши денот мирно, значи без проблеми. Јас сум убеден во тоа дека така и ќе биде. Во крајна инстанца граѓаните се свесни за значеето на изборниот процес и ја имаат сета слобода да си ја изразат волјата во кутиите. Со тоа фактички го даваат гласот за оној кандидат на којшто мислат дека ги исполнува нивните очекувања“, рече Џафери.

На новинарско прашање на МИА дали гласал денес и за претседател и за парламентарни тој потврдно одговори

„Да, секако. Слобода на избор и во секој случај тоа е и право, и можност, и во крајна инстанца како човек да се исполни обврската кон граѓаните“, потенцира Џафери.
Техничкиот премиер на гласачкото место во родното село Форино дојде во придружба на членови од потесното семејство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ