Време

Сончево со температури до 29 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а дневната од 24 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната до 28 степени. 

Утре времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 16 до 27 степени.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе