Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Според УХМР, од утре до крајот на работната недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утринските температури ќе бидат повисоки, а дневните ќе бидат во опаѓање.