Време

Сончево со температури до 20 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен североисточен ветер кој краткотрајно ќе засилува.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 18 Целзиусови степени, Маврово 8, Охрид 13, Битола 14, Крива Паланка 13, Берово 12, Кавадарци 18, Дојран 20 степени.

Утре наутро ќе биде студено, а преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Дневните температури ќе бидат во Скопје и Кавадарци 19, Маврово 9, Охрид и Крива Паланка 14, Битола 15, Берово 13, Дојран 21.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе