Време

Сончево со температури до 15 степени

Времето утрово ќе биде студено, по одделни котлини со појава на магла, а во текот на денот сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од -8 до 3, а максималната од 9 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 11 степени. Маврово 8, Охрид, Битола и Крива Паланка 11, Берово 10, Кавадарци 13, Дојран 15.

Следните денови ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе