Време

Сончево со температура до 37 степени, од понеделник стабилно и многу топло

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен, претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 37 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 35 степени. Маврово 26. Охрид 30, Битола 33, Крива Паланка 31, Берово 30, Кавадарци 33, Дојран 37.

УХМР најавува дека следува период на стабилно и многу топло време. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а особено топло се очекува од средината на следната седмица.

Најтопло ќе биде в среда, со максимална температура од 34 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе