Време

Сончево со температура до 22 степена, од утре локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде од 0 до 5, а максималната од 17 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 20 степени.

Според УХМР, од утре ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи дожд кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Од среда ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на температурата. Во среда и четврток на планините, врнежите ќе бидат од снег. 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе