Време

Сончево со слаб ветер од јужен правец

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 38 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје, сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени. Маврово 28, Охрид 32, Битола 35, Крива Паланка и Берово 31, Кавадарци 37, Дојран 38.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време. Во четврток и петок ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има за време на викендот.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе